Младите се клучот за зелена иднина

ФЛОРИТ - Гевгелија како еден од основачите на ЛАГ Бојмија активно придонесува во градењето на зелена и одржлива иднина.
Во изминатиот период, преку проектни активности, младите од територијата на ЛАГ Бојмија, разговараа за важни теми како климатските промени, Европскиот зелен договор и значењето на одговорниот однос кон природата.
Преку интерактивен и младински пристап, активноста им овозможи на учесниците подобро да ги разберат современите еколошки предизвици и начинот на нивно надминување.
Целта на активноста беше да се зголеми информираноста и ангажираноста на младите за климатските прашања и еколошката одржливост, преку пристап кој е близок, разбирлив и инспиративен за нив.
За таа цел, беше реализирана посета на руралниот комплекс Селско домаќинство „Атанасови“ во с. Сирково, општина Росоман, во околината на Кавадарци. За време на посетата, младите имаа можност директно да се запознаат со руралниот начин на живот, локалното производство и одржливите практики кои придонесуваат за зачувување на природата и развој на локалните заедници.
Инаку оваа активност е реализирана во рамки на проектот Младите градат зелена иднина од страна на ЛАГ Бојмија кој е подгрант во рамки на ЕУ проектот „Farm to Fork Academy “, спроведуван од Rural Development Network of North Macedonia. Веруваме дека ова претставува само почеток на нови зелени иницијативи кои ќе ги водат младите кон поодржлива иднина.
Овој проект уште еднаш потврди дека младите, кога се информирани, мотивирани и активно вклучени, стануваат вистински двигатели на позитивни промени во општеството. Посебна благодарност до сите училишта и учесници кои беа дел од оваа иницијатива и придонесоа кон нејзиниот успех.
Останати објави
ФЛОРИТ - Гевгелија присуствуваше на презентација на наодите од анализата за развојот на туризмот
Презентирање на главните наоди од анализата на состојбата и консултации со засегнатите страни во процесот на креирање на Стратегијата за развој на туризмот на Република Северна Македонија 2027–2032
Прочитај повеќеОбука за одржлив туризам и алтернативна мобилност во рамките на проектот BalkanVelo
Тридневна обука во Гевгелија за развој на одржливи туристички производи, алтернативна мобилност и унапредување на туристичката понуда, со теренска посета на Серменин
Прочитај повеќеЗа посилни граѓански организации: кон подобри услови за финансиска одржливост
ФЛОРИТ – Гевгелија, како активен член на Мрежата за финансиска одржливост, учествуваше на средбата посветена на унапредување на законските услови за финансирање на граѓанските организации.
Прочитај повеќеУвид во градежните активности во Серменин во рамки на проектот „BalkanVelo“
Напредуваат активностите за уредување на мултифункционалниот објект и изградба на новата велосипедска патека во Серменин
Прочитај повеќеЗавршен настан на EU4M програмата
Потврда за стручност и придонес на ФЛОРИТ - Гевгелија во развојот на локалната заедница
Прочитај повеќеПрезентација на првична верзија на веб страната на ДМО Повардарие
Презентирана првата верзија на веб-страницата на ДМО Повардарие
Прочитај повеќе


