Увид во градежните активности во Серменин во рамки на проектот „BalkanVelo“

Во рамки на проектот „BalkanVelo“, се изврши увид во тековните градежни активности што се реализираат во село Серменин. При посетата беше направен увид во работите на мултифункционалниот објект во Серменин, кој се реконструира и уредува со цел да обезбеди подобри услови за посетителите и да придонесе кон развојот на туристичката понуда на подрачјето. Истовремено беа разгледани и активностите на новата велосипедска патека, која започнува од Серменин и претставува значајна инвестиција во развојот на велосипедската инфраструктура и активниот туризам на Кожуф. Со реализацијата на овие активности, проектот „BalkanVelo“ придонесува кон подобрување на пристапноста до природните и туристичките потенцијали на регионот, создавање подобри услови за велосипедистите и посетителите и промоција на одржлива мобилност и туризам. По завршувањето на градежните работи, ќе се премине кон подготовка на интерактивна мапа на велосипедските патеки и изработка на виртуелни тури, со што посетителите ќе добијат можност дигитално да ги истражат новите содржини и велосипедските рути во Серменин.
Останати објави
ФЛОРИТ - Гевгелија присуствуваше на презентација на наодите од анализата за развојот на туризмот
Презентирање на главните наоди од анализата на состојбата и консултации со засегнатите страни во процесот на креирање на Стратегијата за развој на туризмот на Република Северна Македонија 2027–2032
Прочитај повеќеОбука за одржлив туризам и алтернативна мобилност во рамките на проектот BalkanVelo
Тридневна обука во Гевгелија за развој на одржливи туристички производи, алтернативна мобилност и унапредување на туристичката понуда, со теренска посета на Серменин
Прочитај повеќеЗа посилни граѓански организации: кон подобри услови за финансиска одржливост
ФЛОРИТ – Гевгелија, како активен член на Мрежата за финансиска одржливост, учествуваше на средбата посветена на унапредување на законските услови за финансирање на граѓанските организации.
Прочитај повеќеЗавршен настан на EU4M програмата
Потврда за стручност и придонес на ФЛОРИТ - Гевгелија во развојот на локалната заедница
Прочитај повеќеПрезентација на првична верзија на веб страната на ДМО Повардарие
Презентирана првата верзија на веб-страницата на ДМО Повардарие
Прочитај повеќеМладите се клучот за зелена иднина
Одржана едукативна работилница
Прочитај повеќе


