Завршен настан на EU4M програмата

Завршен настан на EU4M програмата

За време на завршниот настан на програмата „ЕУ за општините“ која 6 години се реализара во државата, се доделија признанија и сертификати “Excellence in Local Governance“ (Извонредност во локално владеење) на сертифицирани обучувачи со што се гради долгорочен внатрешен капацитет во рамки на одржливиот локален развој. Чест ни е што ова признание се додели и на Ристо Атанасовски и Петранка Чалков, долгогодишни експерти вработени во Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии (ФЛОРИТ) – Гевгелија, со што се потврдува нивната стручност, посветеност и значајниот придонес во јакнењето на капацитетите на локалната самоуправа и унапредувањето на принципите на добро локално владеење. Ова признание претставува дополнителна мотивација за понатамошна работа и развој на одржливи и иновативни решенија во корист на локалната заедница.

четврток, 30 април 2026 г.
  • Завршен настан на EU4M програмата       - image 1
  • Завршен настан на EU4M програмата       - image 2
  • Завршен настан на EU4M програмата       - image 3

Останати објави