Обука за одржлив туризам и алтернативна мобилност во рамките на проектот BalkanVelo

Во периодот од 16 до 18 септември 2026 година, во хотелот „Аполонија“ во Гевгелија, се реализираше тридневна обука во рамките на проектот „Balkan alternative mobility routes for sustainable all-season tourism“ – BalkanVelo. Обуката беше посветена на унапредување на знаењата и практичните вештини поврзани со управувањето со туризмот, развојот на нови туристички форми и примената на алтернативна и одржлива мобилност.
Преку предавањата и практичните активности, учесниците се запознаа со можностите за креирање и развој на одржливи туристички производи, како и со начините за подобро искористување на природното и културното наследство, локалните традиции и постојните туристички услуги. Во фокусот беа и квалитетот на туристичката услуга, комуникацијата со посетителите и безбедноста, како значајни аспекти во создавањето квалитетна и одржлива туристичка понуда.
Составен дел од обуката беше и теренската посета на селото Серменин, каде што учесниците имаа можност непосредно да се запознаат со активностите што се реализираат во рамките на BalkanVelo. Во Серменин се спроведуваат активности за реконструкција и уредување на старото училиште, кое е предвидено да биде пренаменето во мултимедијален туристички центар. Паралелно се реализира и изградба на нова велосипедска патека, која ќе придонесе кон создавање нова туристичка содржина и унапредување на условите за развој на велосипедскиот и активниот туризам.
Развојот на овие содржини во Серменин е дел од поширокиот пристап кон диверзификација на туристичката понуда на Општина Гевгелија, преку поврзување на природното и културното наследство со нови форми на активен и одржлив туризам. На овој начин се создаваат услови за поголема туристичка активност и престој на посетителите во текот на целата година.
Проектот „BalkanVelo“ се реализира во рамките на Interreg VI-A IPA Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Северна Македонија 2021–2027. Општина Гевгелија е проектен партнер, додека Општина Разлог од Република Бугарија е водечки партнер во проектот.
Останати објави
ФЛОРИТ - Гевгелија присуствуваше на презентација на наодите од анализата за развојот на туризмот
Презентирање на главните наоди од анализата на состојбата и консултации со засегнатите страни во процесот на креирање на Стратегијата за развој на туризмот на Република Северна Македонија 2027–2032
Прочитај повеќеЗа посилни граѓански организации: кон подобри услови за финансиска одржливост
ФЛОРИТ – Гевгелија, како активен член на Мрежата за финансиска одржливост, учествуваше на средбата посветена на унапредување на законските услови за финансирање на граѓанските организации.
Прочитај повеќеУвид во градежните активности во Серменин во рамки на проектот „BalkanVelo“
Напредуваат активностите за уредување на мултифункционалниот објект и изградба на новата велосипедска патека во Серменин
Прочитај повеќеЗавршен настан на EU4M програмата
Потврда за стручност и придонес на ФЛОРИТ - Гевгелија во развојот на локалната заедница
Прочитај повеќеПрезентација на првична верзија на веб страната на ДМО Повардарие
Презентирана првата верзија на веб-страницата на ДМО Повардарие
Прочитај повеќеМладите се клучот за зелена иднина
Одржана едукативна работилница
Прочитај повеќе

