Презентација на првична верзија на веб страната на ДМО Повардарие

ДМО Повардарие го направи првиот важен чекор кон своето дигитално позиционирање – првата верзија на официјалната веб-страница беше презентирана пред членовите на Заедничката комисија за меѓуопштинска соработка, составена од претставници од 11 општини.
Веб-страницата ја изработува Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија (ФЛОРИТ), а е финансирана во рамки на програмата „EU for Municipalities“.
За време на презентацијата беше направен детален преглед на структурата на веб-страницата, главните менија и предложените содржини, со фокус на тоа како платформата ќе придонесе за промоција на регионот како атрактивна туристичка дестинација. Воедно, беа дефинирани и следните чекори за понатамошен развој, при што претставниците на општините презедоа конкретни задачи за обезбедување на релевантни информации и содржини кои ќе ја збогатат и унапредат веб-страницата.
Презентацијата се одржа во Хотел Рамада во Гевгелија, означувајќи почеток на еден заеднички процес на градење на препознатлив туристички бренд на Повардарскиот регион.
Останати објави
ФЛОРИТ - Гевгелија присуствуваше на презентација на наодите од анализата за развојот на туризмот
Презентирање на главните наоди од анализата на состојбата и консултации со засегнатите страни во процесот на креирање на Стратегијата за развој на туризмот на Република Северна Македонија 2027–2032
Прочитај повеќеОбука за одржлив туризам и алтернативна мобилност во рамките на проектот BalkanVelo
Тридневна обука во Гевгелија за развој на одржливи туристички производи, алтернативна мобилност и унапредување на туристичката понуда, со теренска посета на Серменин
Прочитај повеќеЗа посилни граѓански организации: кон подобри услови за финансиска одржливост
ФЛОРИТ – Гевгелија, како активен член на Мрежата за финансиска одржливост, учествуваше на средбата посветена на унапредување на законските услови за финансирање на граѓанските организации.
Прочитај повеќеУвид во градежните активности во Серменин во рамки на проектот „BalkanVelo“
Напредуваат активностите за уредување на мултифункционалниот објект и изградба на новата велосипедска патека во Серменин
Прочитај повеќеЗавршен настан на EU4M програмата
Потврда за стручност и придонес на ФЛОРИТ - Гевгелија во развојот на локалната заедница
Прочитај повеќеМладите се клучот за зелена иднина
Одржана едукативна работилница
Прочитај повеќе


