За посилни граѓански организации: кон подобри услови за финансиска одржливост

За посилни граѓански организации: кон подобри услови за финансиска одржливост

Членките на Мрежата за финансиска одржливост на граѓанските организации се сретнаа во Битола за да разговараат за едно од клучните прашања за граѓанскиот сектор – како да се создадат услови за постабилно и одржливо финансирање на граѓанските организации. Во фокусот на дискусијата беше Законот за донации и спонзорства во јавните дејности (ЗДСЈД) и потребата од негово унапредување. По повеќе од 15 години, граѓанскиот сектор сè уште се соочува со законски и административни бариери кои го отежнуваат донирањето. Без одржливи организации нема одржливи заедници. Затоа, продолжуваме заеднички да застапуваме за подобра законска и институционална рамка и услови во кои граѓанските организации можат долгорочно да придонесуваат за своите заедници. Настанот беше организиран во рамки на проектот „Промени за одржливост“, кој го спроведува Konekt во партнерство со Младинската асоцијација YMCA.mk, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии - Гевгелија, е активен член на Мрежата за финансиска одржливост уште од самото нејзино основање.

Post image
вторник, 1 септември 2026 г.

Останати објави