ФЛОРИТ - Гевгелија присуствуваше на презентација на наодите од анализата за развојот на туризмот

На 30 септември 2026 година, во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, се одржа јавна расправа за резултатите од анализата на состојбата во процесот на подготовка на Националната стратегија за туризам на Република Северна Македонија 2027–2032, на која претставници од ФЛОРИТ – Гевгелија беа присутни.
Во контекст на овој настан, претходеше регионална работилница за југоистичниот плански регион која се одржа во Струмица на која бевме поканети, преку дискусија ги претставивме нашите видувања за Гевгелија, регионот и ЈИПР.
Настанот беше организиран како дел од процесот на консултации со засегнатите страни, со цел да се презентираат досегашните наоди, да се отворат дискусија и дијалог со туристичкиот сектор и да се обезбедат различните перспективи, искуства и потреби на секторот во понатамошното креирање на Стратегијата.
Во фокусот на дискусијата беа потенцијалите и предизвиците со кои се соочува туристичкиот сектор, како и клучните прашања за неговиот иден развој: подобрување на туристичката инфраструктура, создавање поквалитетни и поконкурентни туристички производи, зголемување на должината на престојот на туристите, поврзување на културното наследство, природните ресурси и локалните производи со современите туристички трендови, како и обезбедување рамномерен регионален развој и одржлив и конкурентен туризам.
На јавната расправа присуствуваа претставници на туристичкиот сектор, стручната и академската јавност и други засегнати страни. Министерството истакна дека активно учество е од особено значење за создавање Стратегија која ќе одговори на реалните состојби и потреби на туристичкиот сектор и ќе постави јасна насока за негов одржлив и долгорочен развој во периодот 2027–2032.
Останати објави
Обука за одржлив туризам и алтернативна мобилност во рамките на проектот BalkanVelo
Тридневна обука во Гевгелија за развој на одржливи туристички производи, алтернативна мобилност и унапредување на туристичката понуда, со теренска посета на Серменин
Прочитај повеќеЗа посилни граѓански организации: кон подобри услови за финансиска одржливост
ФЛОРИТ – Гевгелија, како активен член на Мрежата за финансиска одржливост, учествуваше на средбата посветена на унапредување на законските услови за финансирање на граѓанските организации.
Прочитај повеќеУвид во градежните активности во Серменин во рамки на проектот „BalkanVelo“
Напредуваат активностите за уредување на мултифункционалниот објект и изградба на новата велосипедска патека во Серменин
Прочитај повеќеЗавршен настан на EU4M програмата
Потврда за стручност и придонес на ФЛОРИТ - Гевгелија во развојот на локалната заедница
Прочитај повеќеПрезентација на првична верзија на веб страната на ДМО Повардарие
Презентирана првата верзија на веб-страницата на ДМО Повардарие
Прочитај повеќеМладите се клучот за зелена иднина
Одржана едукативна работилница
Прочитај повеќе


