Зелената агенда во фокусот на дијалогот меѓу националните институции и локалните власти

Во Скопје се одржа Регионалниот форум „Зелена агенда: од национални политики до локални економски можности“, завршен настан на тригодишниот проект „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената агенда на локално ниво“, во кој Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија (ФЛОРИТ) учествува како проектен партнер. Форумот обедини претставници на националните институции, општините, планските региони и граѓанските организации во дискусија за поефикасно спроведување на Зелената агенда на локално ниво и нејзино претворање во конкретни економски можности за локалните заедници. Во фокусот на дискусиите беа поддршката на општините, наодите од мониторингот на спроведувањето на Зелената агенда, зајакнувањето на локалните капацитети и обезбедувањето стабилно финансирање. Посебно внимание беше посветено на можностите за зелени инвестиции, развој на партнерства и унапредување на меѓуопштинската соработка.
Како партнер во проектот, ФЛОРИТ придонесува кон поврзување на локалните потреби со националните политики и поттикнување одржлив локален развој. Форумот овозможи размена на искуства и согледувања за заедничките приоритети и следните чекори во спроведувањето на Зелената агенда. Проектот го спроведува Центарот за климатски промени во партнерство со Националниот ромски центар, Фондацијата ФЛОРИТ – Гевгелија, Eco Action Tetovo, Регионалното географско друштво „ГЕОСФЕРА“ – Битола, Eco-Green Movement – Берово, Екотуризам Охрид и Младинската организација Креактив.
Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas.
Останати објави
ФЛОРИТ во Кожани: размена на искуства за социјални иновации, вработување и локален развој
Студиската посета во рамки на проектот SIJMA овозможи размена на добри практики за социјални иновации и вработување, како и поврзување за идна соработка во локалниот развој.
Прочитај повеќеФЛОРИТ - Гевгелија присуствуваше на презентација на наодите од анализата за развојот на туризмот
Презентирање на главните наоди од анализата на состојбата и консултации со засегнатите страни во процесот на креирање на Стратегијата за развој на туризмот на Република Северна Македонија 2027–2032
Прочитај повеќеОбука за одржлив туризам и алтернативна мобилност во рамките на проектот BalkanVelo
Тридневна обука во Гевгелија за развој на одржливи туристички производи, алтернативна мобилност и унапредување на туристичката понуда, со теренска посета на Серменин
Прочитај повеќеЗа посилни граѓански организации: кон подобри услови за финансиска одржливост
ФЛОРИТ – Гевгелија, како активен член на Мрежата за финансиска одржливост, учествуваше на средбата посветена на унапредување на законските услови за финансирање на граѓанските организации.
Прочитај повеќеУвид во градежните активности во Серменин во рамки на проектот „BalkanVelo“
Напредуваат активностите за уредување на мултифункционалниот објект и изградба на новата велосипедска патека во Серменин
Прочитај повеќеЗавршен настан на EU4M програмата
Потврда за стручност и придонес на ФЛОРИТ - Гевгелија во развојот на локалната заедница
Прочитај повеќе


