ФЛОРИТ во Кожани: размена на искуства за социјални иновации, вработување и локален развој

ФЛОРИТ во Кожани: размена на искуства за социјални иновации, вработување и локален развој

На 20 и 21 октомври 2026 година, директорот на Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија (ФЛОРИТ), Ристо Атанасовски, на покана од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион учествуваше во студиска посета во Кожани, Грција, во рамки на проектот SIJMA. Настанот обедини меѓурегионална размена на искуства, тематски работилници и посети на организации и институции што го поддржуваат развојот на регионот Западна Македонија.
Главната тема беше улогата на социјалните иновации и креативноста во создавањето можности за вработување и развој во поранешни рударските региони што минуваат низ процес на транзиција. Во фокусот беа предизвиците со кои се соочуваат локалните заедници при промената на нивниот економски модел, како и пристапите за развој на нови вештини, поддршка на младите и поттикнување на социјалното претприемништво.
Преку презентации и тематски дискусии беа разгледани можностите за поврзување на социјалните иновации со конкретните потреби на заедниците. Посебно внимание беше насочено кон тоа како успешните искуства од еден регион можат да се приспособат и применат во друга средина.
Програмата опфати посети на Центарот за развој на вештини и вработување во Кожани, интегрираната социјална мрежа на Западна Македонија – Insocial Hub, регионот и Регионалниот фонд за развој на Западна Македонија, како и Универзитетот на Западна Македонија.
За ФЛОРИТ, учеството во студиската посета претставуваше значајна можност за стекнување нови знаења, воспоставување контакти и препознавање области за идна соработка. Искуствата од Кожани се релевантни и за пошироките предизвици на локалниот развој: усогласување на вештините со потребите на пазарот на трудот, вклучување на ранливите категории и создавање услови за нови претприемачки иницијативи.

недела, 25 октомври 2026 г.
  • ФЛОРИТ во Кожани: размена на искуства за социјални иновации, вработување и локален развој - image 1
  • ФЛОРИТ во Кожани: размена на искуства за социјални иновации, вработување и локален развој - image 2
  • ФЛОРИТ во Кожани: размена на искуства за социјални иновации, вработување и локален развој - image 3

Останати објави