Florit

MK Flag

  • Дома
  • За нас
  • Проекти
  • Настани
  • Објави
  • Публикации
  • Контакт

MK Flag

© 2025 ФЛОРИТ Гевгелија

Ред Пет

Перцепција на општата јавност во Македонија за Зелена Агенда за Западен Балкан

Перцепција на општата јавност во Македонија за Зелена Агенда за Западен Балкан

Оваа анализа е изработена во рамките на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелена Агенда за Западен Балкан на локално ниво“ спроведуван од Центар за климатски промени во соработка со партнерите Еко зелено движење од Берово, Геосфера од Битола, Екотуризам 2016 од Охрид, Креактив од Кавадарци, Фондација за локален развој и развој на информатички технологии (ФЛОРИТ) од Гевгелија, Национален ромски центар од Куманово и Eco Action од Тетово. Проектот е финансиран од страна на Швајцарската Влада преу програмата Цивика Мобилитас и ќе се спроведува до септември 2027 година.

zelena agenda 1

Целта на оваа анализа е да ги мапираме тековните политики на локално ниво и да истражиме како граѓанскиот сектор може да се вклучи во донесувањето на одлуките за спроведувањето на Зелената агенда за Западен Балкан (ЗАЗБ). Фокусот на анализата е насочен на планските документи на локално ниво, кои играат клучна улога во реализацијата на оваа амбициозна цел. Во анализата се идентификувани предизвиците што го ограничуваат спроведувањето на ЗАЗБ, а анализирани и можностите кои произлегуваат од локалните иницијативи, и ќе овозможат забрзано спроведување на барањата од Зелената Агенда.

Документот ги анализира ставовите на испитаници од цела држава, при што освен вкупниот процент даден е преглед и по региони, а за некои прашања направена е анализа и по возраст, месечни примања, образование, род и средина во која живее испитаникот (урбана-рурална). Во однос на секторите, истите ги следат приоритетите на Зелена Агенда, односно испитаниците одговараат на прашања за климатски промени, кој е одговорен за климатските промени, дали во иднина ќе бидат почести природните непогоди и слично. Исто така испитаниците одговараат на прашања за моменталната состојба со животна средина, енергија и загадување, квалитет на вода за пиење, состојба со шумите и биодиверзитетот.

Анализата за перцепција на општата јавност во Македонија за Зелена Агенда за Западен Балкан, можете да ја погледнете на следниов линк:

Зелена агенда за Западен Балкан – Перцепција на општата јавност во Македонија

четврток, 27 март 2025 г.

Останати објави

  • петок, 28 март 2025 г.

    „Активни и Среќни – Иницијатива за Балансиран Детски Развој“

    Во февруари и март 2025 година, во просториите на игротека Kiddy Adventure успешно беа реализирани обуки за здрава исхрана за деца, со цел постигнување на свеста за важноста на правилната исхрана од

    Прочитај повеќе
  • четврток, 30 ноември 2023 г.

    ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ IDEAS

    Во прекрасен амбиент и со голем интерес беше проследена завршната конференција на проектот IDEAS. Овој проект се фокусираше на паметно земјоделство и производство на квалитетна и безбедна храна.

    Прочитај повеќе