ФЛОРИТ дел од Фестивалот „Ден на граѓанските организации“ 2026

ФЛОРИТ дел од Фестивалот „Ден на граѓанските организации“ 2026

На 3 Октомври, Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија (ФЛОРИТ) беше дел од Фестивалот на Цивика мобилитас „Ден на граѓанските организации“, кој се одржа во Градскиот парк во Скопје.

За време на настанот, ФЛОРИТ со свој изложбен штанд ги претстави своите тековни и претходно реализирани проекти, доближувајќи ја својата работа и активностите до пошироката јавност.

Посебно внимание кај присутните привлече макетата на енергетски ефикасна куќа, која се користи како едукативна алатка за запознавање на учениците од основните училишта со придобивките од енергетската ефикасност. Макетата е изработена во рамките на проектот ENERGAIN, реализиран преку програмата за прекугранична соработка, со финансиска поддршка од Европската Унија и националните фондови на земјите учеснички.

Во рамки на настанот, имавме можност нашата работа и активностите да ги претставиме и пред Н.Е. Кристоф Сомер, амбасадор на Швајцарската Конфедерација во Северна Македонија.

ФЛОРИТ продолжува да поддржува иницијативи кои придонесуваат кон поодржлива иднина, поголема енергетска свест и примена на практични решенија за заштита на животната средина.

Благодарност до Цивика мобилитас за можноста да бидеме дел од фестивалот и до сите посетители кои го посетија нашиот штанд и покажаа интерес за нашата работа.

сабота, 3 октомври 2026 г.
  • ФЛОРИТ дел од Фестивалот „Ден на граѓанските организации“ 2026 - image 1
  • ФЛОРИТ дел од Фестивалот „Ден на граѓанските организации“ 2026 - image 2
  • ФЛОРИТ дел од Фестивалот „Ден на граѓанските организации“ 2026 - image 3
  • ФЛОРИТ дел од Фестивалот „Ден на граѓанските организации“ 2026 - image 4
  • ФЛОРИТ дел од Фестивалот „Ден на граѓанските организации“ 2026 - image 5
  • ФЛОРИТ дел од Фестивалот „Ден на граѓанските организации“ 2026 - image 6

Останати објави