Едукација за одржлива иднина: Зелен договор и Зелена агенда

Едукација за одржлива иднина: Зелен договор и Зелена агенда

Во ООУ „Петар Мусев“ - Богданци се одржа обука на тема Европски зелен договор, Зелена агенда и заштита на животната средина, реализирана од Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија во рамки на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената агенда на локално ниво“.Децата имаа можност да ги научат сите столбови на Зелената агенда за Западен Балкан, претставени преку практични и разбирливи примери. Особено внимание привлече презентацијата на модел на енергетски ефикасна куќа, преку која учениците се запознаа со начини за рационално користење на енергијата и одржлива градба.Посебен акцент беше ставен на темата за отпадот, неговото правилно управување, последиците врз животната средина и улогата на секој поединец во создавање почиста и поздрава заедница.Оваа акција претставува значаен чекор во подигање на еколошката свест кај младите и нивно охрабрување активно да придонесуваат кон зелената транзиција. Во рамки на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената агенда на локално ниво“ кој се спроведува од страна на Центар за климатски промени/Center for Climate Change во соработка со

National Roma Centrum

Foundation for Local and IT Development- Gevgelija

Eco Action Tetovo

Регионално географско друштво „ГЕОСФЕРА“ - Битола

Eco-Green Movement, Berovo

Екотуризам Охрид / Ecotourism Ohrid

Младинска организација Креактив поддржан од Embassy of Switzerland in North Macedonia преку програмата Civica Mobilitas

slika2
петок, 21 ноември 2025 г.

Останати објави