„Активни и Среќни – Иницијатива за Балансиран Детски Развој“

Во февруари и март 2025 година, во просториите на игротека Kiddy Adventure успешно беа реализирани обуки за здрава исхрана за деца, со цел постигнување на свеста за важноста на правилната исхрана од најмала возраст. Обуките беа реализирани преку интерактивен пристап и ги запознаа малите учесници со основите на здрава и балансирана исхрана.
Целната група беа деца, кои активно учествуваа во обуката, во текот на која се разгледуваа клучните принципи на здрава исхрана – кои намирници треба да бидат редовен дел од нивната исхрана, а кои треба да се избегнуваат. Преку разни примери и активности, дечињата имаа можност да научат за важноста на зеленчукот, овошјето и протеините во нивната исхрана, како и за негативните ефекти на преработената храна и слатки.
Обуките вклучуваа и работилница, каде што дечињата имаа можност практично да се вклучат и да создадат свои идеи за здрава исхрана. Преку групни активности и игри, учесниците научија како да избираат здрава храна и да ја разликуваат од нездравата, но и како да ги прават здравите избори секојдневно.
Проектот „Активни и Среќни – Иницијатива за Балансиран Детски Развој“, е спроведен од страна на Мрежата за рурален развој како имплементатор на Програмата за развој на заедницата поддржана од USAID North Macedonia, ЛАГ Бојмија, Kiddy Adventure, Диет ординацијата БИДИ ЗДРАВ, Црвен крст Гевгелија, ЈОУДГ „Детска радост“ – Гевгелија и С-53 Маркет Гевгелија. Целта на ЛАГ Бојмија, заедно со поддршката од сите учесници и партнери е продолжување на заедничката работа и создавање нови можности за едукација и здрав начин на живот.
Останати објави
ФЛОРИТ - Гевгелија присуствуваше на презентација на наодите од анализата за развојот на туризмот
Презентирање на главните наоди од анализата на состојбата и консултации со засегнатите страни во процесот на креирање на Стратегијата за развој на туризмот на Република Северна Македонија 2027–2032
Прочитај повеќеОбука за одржлив туризам и алтернативна мобилност во рамките на проектот BalkanVelo
Тридневна обука во Гевгелија за развој на одржливи туристички производи, алтернативна мобилност и унапредување на туристичката понуда, со теренска посета на Серменин
Прочитај повеќеЗа посилни граѓански организации: кон подобри услови за финансиска одржливост
ФЛОРИТ – Гевгелија, како активен член на Мрежата за финансиска одржливост, учествуваше на средбата посветена на унапредување на законските услови за финансирање на граѓанските организации.
Прочитај повеќеУвид во градежните активности во Серменин во рамки на проектот „BalkanVelo“
Напредуваат активностите за уредување на мултифункционалниот објект и изградба на новата велосипедска патека во Серменин
Прочитај повеќеЗавршен настан на EU4M програмата
Потврда за стручност и придонес на ФЛОРИТ - Гевгелија во развојот на локалната заедница
Прочитај повеќеПрезентација на првична верзија на веб страната на ДМО Повардарие
Презентирана првата верзија на веб-страницата на ДМО Повардарие
Прочитај повеќе