Завршен проект

Вмрежување и трансфер на знаење за одржлив економски туристички развој 5

Име на проектот: Вмрежување и трансфер на знаење за одржлив економски туристички развој

Партнери во проектот: Бизнис инкубатор Гоце Делчев- Центар за промовирање на претприемништво од Гоце Делчев, Република Бугарија

Период на спроведување: 23/07/2012 до 22/10/2013

Програма: Програма за прекугранична соработка 2007-2013, Бугарија – Македонија, CCI Number: 2007CB16IPO007

slika 7 net tur

Цел на проектот: Да придонесе за економскиот развој во прекуграничниот регион преку одржлив развој на туризмот.

Целна група: МСП што нудат сместување; ресторани; туристички агенции; општински центри и центри за култура.

Опис на активности:

  • Управување со проектот
  • Информирање и публицитет
  • Обуки за МСП од туристичкиот и други комплементарни сектори
  • Подготовка на Анализа на постојните туристички капацитети и потенцијали и изработка на датабаза на МСП
  • Организирање на 2 работилници со учество на заинтересирани страни од туристичкиот сектор
  • Формирање на Туристичко здружение во Гевгелија
  • Подготовка на заеднички туристички пакети
  • Подготовка на промотивни материјали за прекуграничниот регион
  • Развивање и објавување на интернет портал
  • Организирање на студиска посета во Бугарија
  • Организирање на Б2Б средба во Македонија
  • Завршен настан за промоција на резултатите на проектот.

Постигнати резултати:

  • Подготвена е анализа на постојните туристички капацитети и потенцијали во прекуграничниот регион Гевгелија – Гоце Делчев
  • Обучени се 96 претставници на МСП од туристичкиот и др. комплементарни сектори за развивање на нови туристички производи, иновации и креативност
  • Развиен е сет на материјали за обука за четири дводневни модули
  • 8 Пакети со туристичка понуда и 3 промотивни материјали (карта, туристички водич и календар на настани) за прекуграничниот регион се дизајнирани, испечатени и дистрибуирани
  • Спроведени се настани за градење на капацитетите, вмрежување и медијација со учество на МСП од Бугарија и Македонија од областа на туризмот
  • Формирано е Туристичко здружение во Гевгелија
  • Развиен и пуштен заеднички интернет портал што содржи датабаза на МСП од туристичкиот и др. комплементарни сектори и др. информативни ресурси
  • Воспоставено е партнерство помеѓу Туристичкото здружение од Гевгелија и Туристичкото здружение Места- Нестос од Гоце Делчев и нивните членови

http://net-tour.florit-gevgelija.eu/

четврток, 4 октомври 2018 г.

Останати завршени проекти