Florit

MK Flag

  • Дома
  • За нас
  • Проекти
  • Настани
  • Објави
  • Публикации
  • Контакт

MK Flag

© 2025 ФЛОРИТ Гевгелија

Ред Пет
Завршен проект

Проект: „Зајакнување на капацитетот на граѓанските иницијативи за регионално и микро-регионално вмрежување за рурален развој во источен и југоисточен плански регион“

Проектот „Зајакнување на капацитетот на граѓанските иницијативи за регионално и микро-регионално вмрежување за рурален развој во источен и југоисточен плански регион“, финансиран од Европска Унија, “ИПА 2 Механизам за граѓанските организации – IPA2CSO“ / EuropeAid/136-992/DD/ACT/MK, го имплементира Здружение ЦЕЛОР – Центар за локален развој, Радовиш, во партнерство со Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија, Здружение Центар за лековити билки Амброзија – Пехчево и Здружение Еколошко Друштво ЈАВОР, Зрновци.

Времетраењето на проектот е 6 месеци.

Главна цел на проектот: Вмрежување поради подобрување на животните услови во руралните средини и придонес кон руралниот развој во Источниот и Југоисточниот плански регион.

Планирани активности:

  • Организирање на четири (4) координативни состаноци од по еден од секој од партнерите за координација со останатите локални граѓански здруженија, општините, државни институции на локално ниво, трговски друштва итн.
  • Организирање на осум (8) еднодневни работилници за изготвување на стратегии за рурален развој на локалните акциони групи (ЛАГ-ови) по две во секоја од територијата на лаг-овите.
  • Пишување и средување на стратегиите на ЛАГ-овите, подготовка и средување на документација за основачки собранија на ЛАГ-овите.
  • Организирање на основачки Собраниа за официјално формирање на четирите ЛАГ-ови, потпишување на меморандуми за соработка и основачки документи
  • Подготовка на документација и регистрација на ЛАГ-овите во Централен регистар
  • Промоција на ЛАГ-овите преку социјалните мрежи и преку медиумите
  • Потпишување на меморандуми за соработка помеѓу ЛАГ-овите од источниот и југоисточниот плански регион и официјализирање на мрежат од граѓански организации за рурален развој од источниот и југоисточниот плански регион

Очекувани резултати од спроведување на проектот:

  • Одржани 4 консултативно – координативни состаноци помеѓу партнерските организации и останатите чинители кои ќе бидат вклучени во проектот;
  • Одржани 8 работилници за изготвување на 4 стратегии за локален и рурален развој за 4 локални акциони групи;
  • Изработени 4 стратегии на ЛАГ-овите за локален и рурален развој
  • Потпишани 4 меморандуми за соработка за основање на ЛАГ-ови;
  • Одржани 4 основачки Собранија на локалните акциони групи (ЛАГ-ови);
  • Формирани и регистрирани во ЦРМ четири правни субјекти кои ќе ги претставуваат и застапуваат локалните акциони групи (ЛАГ-ови);
  • Формирана мрежа на граѓански здруженија за локален и рурален развој на ниво на источен и југоисточен плански регион;
вторник, 4 септември 2018 г.

Останати завршени проекти

  • четврток, 4 декември 2025 г.

    Промовирање на иновативно претприемништво преку формирање на кластер за ароматични и фармацевтски производи

    Промовирање и воведување на нови практики и механизми кои би ги истакнале предностите на регионот, со можност за нивно надградување и развивање.

    Дознај повеќе
  • понеделник, 22 септември 2025 г.

    „Иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор“

    Име на програма: Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка Грција - Република Северна Македонија 2014-2020

    Дознај повеќе
  • понеделник, 4 август 2025 г.

    Проект: ДОБРО ЛОКАЛНО УПРАВУВАЊЕ (GOOD LOCAL GOVERNANCE)

    Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија во партнерство со организациите Здружение Круна Плус Радовиш, Центар за развој на југоисточниот плански регион и Здружение

    Дознај повеќе
  • четврток, 4 октомври 2018 г.

    Вмрежување и трансфер на знаење за одржлив економски туристички развој 5

    Подготвена е анализа на постојните туристички капацитети и потенцијали во прекуграничниот регион Гевгелија – Гоце Делчев

    Дознај повеќе
  • четврток, 4 октомври 2018 г.

    Проект: Акцелератор на знаења на МСП (SME knowledge accelerator)

    Проектот придонесува зголемување на конкурентноста на МСП секторот каде што посебен акцент е ставен на микро компаниите. Потребата произлегува од тешкиот пристап до финансии и ниското ниво на

    Дознај повеќе
  • недела, 12 август 2018 г.

    EnerGAIN

    Приватни сопственици / менаџери на станбени семејни објекти; Приватни или самостојни професионалци во областа на ЕЕ и инсталација на ОИЕ; Мали и средни претпријатија од прекуграничниот регион кои

    Дознај повеќе