Завршен проект

EnerGAIN

Име на проектот: Промовирање на децентрализирано производство на енергија од обновливи извори на енергија

Партнери во проектот: Сојуз на производители на еколошка енергија – БГ, СПЕЕ-БГ, Благоевград, Бугарија

Период на спроведување: 17/10/2016 до 17/01/2018

Програма: Интеррег – ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија, 2014-2020

слика 5 ener gain

Цел на проектот: Подобрување на свеста и градење на капацитет/знаење за децентрализирано производство на електрична енергија од ОИЕ и воведување на иновативни решенија за енергетска ефикасност на сите нивоа (домашни, деловни и јавни).

Целна група: Приватни сопственици / менаџери на станбени семејни објекти; Приватни или самостојни професионалци во областа на ЕЕ и инсталација на ОИЕ; Мали и средни претпријатија од прекуграничниот регион кои работат во областа на ЕЕ и ОИЕ; Организации за бизнис поддршка, стопански комори, агенции за регионален развој, бизнис кластери во областа на ЕЕ и ОИЕ, кои работат на локално ниво со бизнис заедницата и обезбедуваат консултации; Центри и институции за истражување и развој, академски институции кои вржат активности од аспект на истражување и развој и развој на иновации во областа на ОИЕ и ЕЕ; Образовните институции (средни училишта) од прекуграничниот регион; Локални и регионални власти (со нивните економски и енергетски одбори), како чинители или креатори на политики преку кои се управува економскиот развој на регионите;

Опис на активности:

  1. Изработка на база на податоци за заинтересираните страни и идентификација на најдобрите локални практики во областа на децентрализирано производство на енергија од ОИЕ;
  2. Организирање на информативна работилница „Соларен покрив“ во БГ и МК
  3. Печатење и дистрибуција на „Соларен DER – A-Z водич за инвестиции“ (Изработка на содржина)
  4. Веб портал “EnerGain”
  5. Специјализирани обуки за обновливи извори на енергија за техничари и инженери во БГ и МК
  6. Организирање на семинари за Е-учење преку програма за обука “EnerGAIN – Дистрибуирање производство на електрична енергија од ОИЕ“
  7. Енергетски независни модели на куќи во БГ и МК
  8. Организирање на Форум на тема „Децентрализирано производство на енергија – предизвици и можности” во Македонија
  9. Организирање на Завршна конференција – „Партнерство за енергетски развој базиран на децентрализација, независност и оддржливост“ во Бугарија.

Постигнати резултати:

  • Промовирани успешни проекти и добри практики во областа на дистрибуирани ресурси на енергија (DER);
  • Зголемена свест и зголемен интерес на главни целни групи и учесници во делот на децентрализирани енергетски решенија за искористување на потенцијалот на ОИЕ и нивните главни бенефиции – еколошки, економски (намалени трошоци и енергетска независност), ефикасност (квалитет на електрична енергија и издржливост), зачувување на ресурсите (со користење на ОИЕ), сигурност и безбедност.
  • Подобрени знаења и техничка експертиза на стручниот персонал и персонал кој работи во областа на DER кои се напојуваат со ОИЕ за производство на ЕЕ;
  • Зголемена свест и знаење на помладите генерации за различни видови на ОИЕ кои би можеле да се користат во енергетски независни модели на куќи во блиска иднина, со привлекување на нивното внимание преку еден интересен и иновативен концепт кој ќе биде обезбеден бесплатно од образовните, истражувачките и бизнис институциите за искористување на едукативни и промотивни цели;
  • Поттикнати искуства и најдобри практики за размена меѓу различните засегнати страни во врска со промоцијата на усвојувањето на дистрибуирани ресурси на енергија кои се напојуваат со ОИЕ за производство на електрична енергија, како да се подигне свеста на сите нивоа поврзани со заштитата на животната средина и одржливиот развој;

http://energain.eu/

недела, 12 август 2018 г.

Останати завршени проекти