INOVATION CENTRE for YOUTH
Име на проектот: Младински иновативен центар
Партнери во проектот: Бизнис инкубатор Гоце Делчев- Центар за промовирање на претприемништво од Гоце Делчев, Република Бугарија
Период на спроведување: 19/12/2013 до 18/05/2015
Програма: Програма за прекугранична соработка 2007-2013, Бугарија – Македонија, CCI Number: 2007CB16IPO007
Цел на проектот: Со иновативни мерки и формирање на Младински иновативен центар во Гевгелија да се придонесе за зголемување на економскиот развој во прекуграничниот регион Гоце-Делчев – Гевгелија.

Целна група: Студенти од прекуграничниот регион заинтересирани за иновации и нови технологии, учениците од последните класови на средните училишта, невработени млади и социјално загрозени млади луѓе (малцинства, млади во ризик од социјално исклучување, самохрани мајки и др.), млади претприемачи од прекуграничниот регион, млади вработени во претпријатија, ориентирани кон иновации.
Опис на активности:
- Избор на млади, учесници во проектот
- Создавање на заеднички бугарско- македонски Младински иновативен центар
- ИКТ Обуки
- Иновативни обуки
- Онлајн Собири на екипите за дискусија на идеите
- Прекуграничен иновативен камп во Гоце Делчев
- Менторство и вмрежување во прекуграничниот регион
- заклучна конференција
- Публицитет и информации
Постигнати резултати:
- Заеднички бугарско-македонски младински иновативен центар
- Обучени 40 млади социјално загрозени и невработени со вештини од ИКТ
- Обучени 40 млади по ИКТ
- Развиени 8 бизнис планови од екипите за иновации
- Градење на капацитет, вмрежување и заеднички настани за бугарски и македонски претставници во сферата на иновациите
- Зголемен капацитет на партнерските тимови за обезбедување на иновативни услуги
- Промотивен материјал за промовирање на иновативни идеи на младите
- Стимулирање на прекуграничната соработка и развој на локалниот капацитет преку вмрежување и спроведување на заеднички настани со учество на 120 лица – обуки, семинари, конференции
- Креиран веб портал
Останати завршени проекти
Промовирање на иновативно претприемништво преку формирање на кластер за ароматични и фармацевтски производи
Промовирање и воведување на нови практики и механизми кои би ги истакнале предностите на регионот, со можност за нивно надградување и развивање.
Дознај повеќе„Иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор“
Име на програма: Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка Грција - Република Северна Македонија 2014-2020
Дознај повеќеПроект: ДОБРО ЛОКАЛНО УПРАВУВАЊЕ (GOOD LOCAL GOVERNANCE)
Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија во партнерство со организациите Здружение Круна Плус Радовиш, Центар за развој на југоисточниот плански регион и Здружение
Дознај повеќеВмрежување и трансфер на знаење за одржлив економски туристички развој 5
Подготвена е анализа на постојните туристички капацитети и потенцијали во прекуграничниот регион Гевгелија – Гоце Делчев
Дознај повеќеПроект: Акцелератор на знаења на МСП (SME knowledge accelerator)
Проектот придонесува зголемување на конкурентноста на МСП секторот каде што посебен акцент е ставен на микро компаниите. Потребата произлегува од тешкиот пристап до финансии и ниското ниво на
Дознај повеќеПроект: „Зајакнување на капацитетот на граѓанските иницијативи за регионално и микро-регионално вмрежување за рурален развој во источен и југоисточен плански регион“
Проектот „Зајакнување на капацитетот на граѓанските иницијативи за регионално и микро-регионално вмрежување за рурален развој во источен и југоисточен плански регион“
Дознај повеќе