Животна средина
Природата дарува љубов, живот, убавина и задоволства за нашата душа и мил поглед за нашите очи. За да ја имаме убава природата, треба да ја чуваме и негуваме, да ја штитиме и да не ја уништуваме. Таа бара љубов и внимание, а ни возвраќа со чист воздух и здрава животна средина.
Животната средина работи за нашите сегашни и идни потреби, дефинирани со правилата на „законите на природата“. Ако застраниме од тие закони, целиот систем на природата ќе страда, а со тоа и поддржувањето на животот, вклучувајќи ја човековата благосостојба и сите човекови активности.
Со цел да се постигне рамнотежа во глобалниот еко – систем, воедно и ефикасно да се оствари одржливиот развој, како значен дел од тој систем, треба да се земат во предвид низа еколошки развојни методи за да се постигнат саканите резултати. Одржливиот развој е концепт што се обидува да ја обедини важноста на заштитата на животната средина со здрава економија и социјална кохезија.
