Активен проект
Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелена Агенда на локално ниво
Главна цел на проектот: Општата цел на проектот е да се овозможи транзицијата на Македонија кон целите на ЕУ за јаглеродно неутрално општество, преку инклузивно и транспарентно спроведување на Зелената Агенда за Западен Балкан во РСМ.

Специфични цели: „Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации (ГО) и единиците на локална самоуправа (ЕЛС) за подобро вклучување во спроведувањето на Зелена Агенда и стимулирање на соработка помеѓу нив“; „ ГО да ги поддржат ЕЛС во процесот на креирањето на локални политики за спроведување на Зелената Агенда на локално ниво“; како и „Да се подигне свеста на граѓаните во државата за придобивките од Зелена Агенда“.
Целни групи (ако има инфо)
Главни активности:
- Мапирање на постоечки политики за ЗАЗБ на локално ниво, вклучително и капацитетите на ГО кои работат во оваа област
- Регионални обуки за градење на капацитетите за ЗАЗБ
- Регионални форуми за заедницата
- Развивањена методологија и ИТ Алатка за следење на спроведувањето на ЗАЗБ на локално ниво
- Извештај за спроведувањето на ЗАЗБ
- Патоказ за спроведување на ЗАЗБ на локално ниво
- Регионално партнерство за ЗАЗБ
- Подигнување на јавна свест за значењето на ЗАЗБ
- Национален форум (НФ) за Зелена агенда (тематски форум).
понеделник, 22 септември 2025 г.